Џенова во мометов е спорски клуб со најмногу заразени играчи со вирусот Ковид-19. Во тимот чии дрес го носи Горан Пандев 20 фудбалери се позитивни на коронавирусот. Целиот тим е во изолација, исклучок е Пандев кој вечерва ќе игра за Македонија против Косово.
Тренерот на Џенова Роландо Маран се соочува со големи проблеми, не само што нема играчи за да спорведе нормални тренинзи, туку нема да може да состави тим за наредниот меч со Верона.
Поради коронавирусот минатиот викенд беше одложен натпреварот Џенова-Торино.
„Против Верона ќе мораме да играме со фудбалери од младинската школа, немаме друг избор. Не можема вака понатаму. Под стаклено ѕвоно треба да ги затворите сите тимови, изолирајте не, така треба да играме бидејќи ова нема никаква логика“, рекол спортскиот директор на клубот Даниеле Фаџиано.