Top Sport

Џенова не може никого да победи

Фудбалерите на Џенова на дебито на новиот тренер, Алесандро Блесин, не успеаја да го победата Удинезе. Во првиот денешен натпревар, во Серија А, на „Луиџи Ферарис“, Џенова и Удинезе одиграа 0:0.

Џенова, играше подобро од својот противник, но не успеа да ги реализира своите шанси. Во првото полувреме најдобрата шанса ја имаше Ебоа, а во второто Портанова.

Во 79.минута, во интервал од неколку секунди, Камбијасо доби два жолти картони, поради што Џенова мечот го заврши до играч помалку

Горан Пандев натпреварот го гледаше од клупата за резерви.

Џенова остана на претпоследното место со само 12 бода, Удинезе се 14. до 23 бода.

Scroll to Top