Клубот на македонскиот капитен, Горан Пандев, Џенова повторно го смени тренерот Давиде Балардини и на негово место го донесе неговиот претходник Иван Јуриќ.
Ова е треетпат Балардини да добива отказ од Џенова, откако го смени Јуриќ во ноември 2017 година и претседателот на клубот, Енрико Прециози има лесен изговор: „Тој е ужасен тренер“.
„Јас го сметам за ужасен тренер бидејќи во неговата кариера беше отпуштен 13 пати во 14 сезони. Само во Самбенедетесе во Серија Ц успеа да ја заврши сезоната. Нема да ве лажам дека лани си заслужи да остане откако не спаси од испаѓање, но тој не е способен да тренира еден тим од почеток до крај на сезоната. Го имаме најдобриот стрелец во Серија А, Кшиштоф Пјатек, така што мораме да бидеме добри, а веќе примивме 13 гола во седум натпревари. Балардини е прекрасна личност, но не знае како да ги постави фудбалерите на терен“, вели Прециози.
Фото: ЕПА