Top Sport

Џенова спаси поен против Емполи во 89. минута!

Без Горан Пандев во составот, Џенова избегна нов пораз во првиот меч од 12. коло на Серија А, откако и покрај тоа што имаа рано водство, на крајот им требаше гол во 89. минута за 2:2 реми кај Емполи.

Доменико Кришито ги донесе Грифоне во водство уште во 3. минута со удар од белата точка, и овој резултат беше актуелен повеќе од час време, пред во 62. минута Федерико ди Франческо да израмни, за во 72. минута Шимон Зурковски да им донесе водство на домаќините. Сепак, младиот Флавио Бјанки, кој влезе како замена во 89. минута да спаси поен за Џенова.

Со поенот, Емполи се искачува на осмото место на табелата со 16 поени, додека Џенова, со само еден триумф во првите 12 кола се на 17. место со само 9 поени. Шпекулациите во Италија велат дека пораз на овој меч ќе значеше отказ за Давиде Балардини, со Андреа Пирло како негова најверојатна замена.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top