Џенова забележа 3:1 победа на гостувањето кај Емполи со два брзи гола во второто полувреме без Горан Пандев во составот. Со овој триумф тие ја прекинаа лошата низа од три меча без победа во Серија А.
Кристијан Куаме ги донесе Џенова во водство на „Карло Кастелани“ уште во 18. минута, но домаќините успеаја да израмнат во 63. минута преку Џовани ди Лоренцо. Сепак, трите поени беа за Грифоне, откако прво Дарко Лазовиќ даде гол во 70. минута, за Антонио Санабрија во 73. минута да ја потврди победата.
Со трите поени, Џенова се на 13. место на табелата со 23 поени, девет над зоната за испаѓање, додека Емполи се 17-ти со 17 поени.
Фото: ЕПА