Top Sport

Џерард Батлер навива за Левски Софија! (видео)

Ако некогаш сте се запрашале за кого навива шкотскиот актер Џерард Батлер на Балканот, сега е јасно – тој е голем навивач на Левски Софија, откако го посети клубот и го гледаше дербито со ЦСКА Софија во полуфиналето од купот.

Батлер, кој во Бугарија продолжува со снимањето на неговата франшиза „Олимп падна“, најде време да го гледа мечот и по него да се симне во соблекувалната да им го честита на фудбалерите на Левски пласманот во финалето на купот, откако тие го добија двомечот со 4:2.

Сега ќе видиме дали ќе биде присутен и на финалето од Купот против Славија Софија на 9 април.

Scroll to Top