Стивен Џерард, утре со Астон Вила, ќе гостува во „синиот“ дел на Ливерпул. Евертон ќе ја пречека Астон Вила со привремениот менаџер, Данкан Фергусон. Минатата недела, Евертон му врачија отказ на поранешниот тренер на Џерад, Рафа Бенитез.
„Разочаран сум поради она што му се случи на Рафа. Многу го почитувам“, рекол Џерард и дополнил.
„Да бидам искрен, бев изненаден и шокиран кога слушнав дека Рафа прифатил да биде менаџер на Евертон. Поради се она што постигна со Ливерпул, не очекував дека ќе ја прифати нивната понуда. Очигледно соработката не беше успешна. Од кои причини, тоа не ме интересира“.
Евертон, од 13.30 часот, ќе ја пречека Астон Вила.