Top Sport

Џерард го „избркал“ Туанзебе бидејќи го мрази Манчестер јунајтед?

Омразата на менаџерот на Астон вила, Стивен Џерард кон Манчестер јунајтед е главната причина зошто Аксел Туанзебе ја прекрати позајмицата во Вила и замина во Наполи, тврди неговиот агент.

24-годишниот англиски фудбалер на Јунајтед се приклучи на Наполи и вчера дебитираше за италијанскиот клуб, откако Јунајтед го повикаа од Вила, каде што играше редовно под претходниот менаџер Дин Смит, но под Стивен Џерард кој пристигна во ноември одигра само 8 минути.

Димитри Туанзебе, брат и агент на фудбалерот, тврди дека Џерард не му дал шанса бидејќи го мразел поради врската со Манчестер јунајтед.

„Аксел не се реши на трансфер додека не стана јасно дека не е по желба на менаџерот и понудата од Наполи беше примамлива. Фановите на Вила го сакаат и помогна кога играше за нив, но по доаѓањето на Стивен Џерард на ‘Вила парк’, ривалството помеѓу Ман Јунајтед и Ливерпул значеше дека нема шаса за него“, вели агентот за „ЕСПН“.

Туанзебе пратен на позајмица во Наполи

Scroll to Top