Top Sport

Џерард го носи Суарез во Вила!

Стивен Џерард ги убедува Астон вила да донесат во Бирмингем уште еден негов поранешен соиграч од „Енфилд“, Луис Суарез, кој е слободен агент по крајот на договорот со Атлетико Мадрид.

Според „Дејли телеграф“, 35-годишниот поренешен фудбалер на Барселона и на Ливерпул, бил блиску до трансфер на „Вила парк“ и во јануари, кога таму пристигна Филипе Кутињо од Барселона, но и тогаш, како и сега, главната загриженост е во високата плата која ја бара Уругваецот, но и физичките побарувања на премиерлигашкиот фудбал.

Суарез играше заедно со сегашниот менаџер на клубот, Стивен Џерард во Ливерпул четири и пол години пред да замине во Барселона во 2014 година. Тогаш тој постигна 69 гола во 110 настапи за „црвените“, по што со Барселона освои четири титуи од Ла лига и трофеј од ЛШ, за лани да биде еден од клучните фудбалери на Диего Симеоне за Атлетико да ја освои титулата со 21 гол во 32 настапи.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');