Top Sport

Џерард: Карагер не ми се јавува, има „нов брат“ во Гери Невил

Менаџерот на Астон вила и легенда на Ливерпул, Стивен Џерард на шега вели дека поранешниот лут ривал Гери Невил „му го украл“ пријателството со неговиот поранешен соиграч, Џејми Карагер, додавајќи дека тој веќе му се јавувал на телефон.

Пријателството на Карагер и Џерард е од нивните денови во академијата на Ливерпул, и двајцата беа во игра заедно неверојатни 570 меча – од 1998 до 2013 година. Но, по пензионирањето Карагер стана ТВ-коментатор, каде што честопати е партнер на поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, Гери Невил.

Кога беше запрашан од „Скај спортс“, кој е неговиот најпознат пријател, Џерард го избра Карагер.

„Џејми Карагер, лета во моментов. Растура со своите коментари, беше врвен фудбалер, го има на ‘Гуглбокс’. Тој сигурно е мојот најпознат пријател. Но, веќе не ми се јавува, не ми пушта СМС пораки, ништо… Гери Невил ме ограби. Бевме блиски. Сега има нов брат“, вели Џерард.

Scroll to Top