Top Sport

Џерард: Ќе одам на „Енфилд“ по победа и три поени!

Стивен Џерард инсистира дека нема да има сентименталности кога следниот месец ќе го предводи својот нов тим, Астон вила на гости кај Ливерпул, клубот во кој ја помина целата кариера.

Во првото интервју откако беше именуван за наследник на Дин Смит, поранешниот капитен на Ливерпул, вели дека е нормално да оди на три поени на „Енфилд“.

„Секако, нема да можам да ја контролирам бучавата на ‘Енфилд’, но за мене тоа не е важно. Најважна е шансата да се оди таму и да се освојат максимум поени, бидејќи мораме да имаме таков став пред секој меч. Фокусот ќе биде на Астон вила, и можам да гарантирам на навивачите, играчите и на сите тука дека кога ќе се посветам на нешто, одам 100 отсто“, вели 41-годишниот Џерард.

Scroll to Top