Легендарниот поранешен капитен на Ливерпул, Стивен Џерард вели дека одлуката на Фернандо Торес да си замине од Ливерпул за Челси во 2011 му го „скршила срцето“, посочувајќи дека тој е најдобриот фудбалер со кого имал чест да игра.
Торес дојде на „Енфилд“ од Атлетико Мадрид во 2007 година за 20-тина милиони фунти и стана миленик на навивачите, постигнувајќи 65 гола во 102 настапи за „црвените“. Тој го потресе клубот во 2011 кога по обидот на Челси да го купат, побара барање за трансфер и беше продаден за тогашен британски рекорд од 50 милиони фунти.
Ливерпул го донесоа Луис Суарез како замена, а потоа и Енди Керол, но Џерард вели дека тоа било „срцепарателно“.
„Не играв со Торес доволно долго бидејќи отиде во Челси и ми го скрши срцето. Ако ме прашате кој беше најдобриот фудбалер дневно во Ливерпул, Суарез можеби беше животно, но моите најдобри години беа покрај Торес. Навистина бев потресен кога замина, бидејќи работевме напорно да ја намалиме разликата до врвот и да се бориме за титула“, вели Џерард.