Top Sport

Џерард: Кутињо е скромно момче кое донесе многу во Астон вила

Менаџерот на Астон вила, Стивен Џерард го пофали својот поранешен соиграч од Ливерпул, а сега играч за неговиот клуб за неговата „смиреност и скромност“ и посочи дека тој донел нова енергија на „Вила парк“.

Тој имаше гол и две асистенции во средата при трилер 3:3 ремито со Лидс јунајтед, пред да побара замена поради грчеви, но Џерард вели дека ќе биде подготвен за мечот со Њукасл во недела.

„Тој беше очаен да се врати во Премиерлигата и му дадовме се што му е потребно да го даде својот максимум. За мене најдоброто кај Фил е тоа што е скромен, со смирена глава, што некогаш заборавате дека се работи за светска ѕвезда. Тој е фантастична личност. Неговата визија е најголемата сила, одлично е да го гледате, а технички е совршен. Не морам да зборувам, само погледнете го некогаш“, вели Џерард.

Scroll to Top