Top Sport

Џерард: Нема шанси повторно да играм фудбал

На Стивен Џерард му биле потребни пет месеци да прифати дека неговата 19-годишна кариера како професионален фудбалер е целосно завршена.

37-годишниот поранешен капитен на Ливерпул се врати во Англија да биде тренер на У-18 тимот на „Црвените“ откако му заврши договорот со ЛА Галакси во американската МЛС лига. Тој вели дека во тие шест месеци „остарел“ две години.

„Помалку ми недостасува тренингот пред Божиќ. И така траеше само еден час, а беше Бадник. Мразев кога немаше фудбал неколку недели. Сега го чувствувам времето. Остарев две години за шест месеци. Советот на Јирген Клоп кога се вратив беше дека тој ќе ме следи само неколку месеци, бидејќи потоа сам ќе треба да правам грешки, да избирам тактика. Морам да ја најдам сопствената филозофија и начин на развој на фудбалот. И мислам дека е во право“, вели Џерард во интервју за „Гардијан“.

Англичанецот признава дека работата повторно го „обзема“ како и претходната – тој работи шест дена неделно.

„Морав да им покажам на играчите дека мојата работна етика е исправна и да ја добијам нивната доверба.  Како фудбалер можев да се исклучам ког ќе заврши натпреварот, а тоа не смееш да го направиш како тренер. Тоа е главната разлика. Сега по натпреварот морам да направам анализа, да издвојам кој бил добар, кој треба да работи повеќе“, објаснува Џерард.

Scroll to Top