Top Sport

Џерард во Глазгов Ренџерс до 2024 година

Стивен Џерард го продолжил договорот со Глазгов Ренџерс до 2024 година, објави клубот. Џерард на чело на „полицајците“ застана во 2018 година. Тренерската кариера ја започнал во младинската школа на Ливерпул.

„Кога Дејв Кинг ми предложи да ја продолжиме соработката, лесно ја донесов одлуката. Среќен сум тука, чувствувам дек заедно градиме нешто посебно“, рекол Џерард.

Глазгов Ренџерс се наоѓаат на второто место на табелата во Премиер лигата на Шкотска. Тие имаат два бода помалку од најголемите ривали Селтик. Во Лига Европа изборија пласман во нокаут-фазата.

Scroll to Top