Top Sport

Џердан Шаќири е мета на Лацио

Римски Лацио прави напори да го доведе на „Олимпико“ швајцарскиот фудбалски репрезентативец од редовите на Ливерпул – Џердан Шаќири.

Како што пренесуваат медиумите на Апенините, Лацио испратил понуда од 12 милиони евра за Шаќири. Тој веќе 3 сезони е во составот на Јирген Клоп.

Првиот човек на Лацио, Игли Таре разговарал со тренерот Маурицио Сари, а овој со задоволство би сакал да го види искусниот фудбалер од средниот ред во својот состав.

Прашање е како ќе реагираат „црвените“ затоа што не сакаат да го пуштат од „Енфилд“ за понуда пониска од 15 милиони евра.

Шаќири во моментов е на одмор по настапите за Швајцарија на ЕУРО 2020.

Scroll to Top