На денешен ден, на 29.10.1997, пред точно 21 година меѓу стативите на фудбалската репрезентација на Италија првпат застана сега веќе легендарниот фудбалски голман, Џанлуиџи Џиџи Буфон.
Голманот кој светската слава ја стекна со настапите за Италија, но и со тимот на Јувентус, дебитираше за националната селекција со само 19 години, на натпревар против Русија, во снежни услови. На голот на Италија тој ден го замени Џанлука Паљука кој се повреди.
Во неговата репрезентативна кариера тој забележа неверојатни 175 настапи за најдобриот состав на Италија.
Сеуште е активен фудбалски голман моментно ги брани боите на францускиот шампион ПСЖ.