Алберто Џилардино официјално стави крај на својата фудбалска кариера. Џилардино има 36 години, неодамна се запишал во школа за тренери, а пред да ја објави одлуката за пензионирање, ја одбил понудата од матичниот клуб Пјаченца.
Џилардино е член на шампионскиот тим на Италија на Светското првенство во 2006 година. Во кариерата играл во Пјаченца, Верона, Парма, Милан, Фиорентина, Џенова, Болоња и Гванжу Евергранде. Минатата сезона ја минал во Специја.
Овој напаѓач на почетоците на кариерата беше најавуван како голема надеж на италијанскиот фудбал, но никогаш до крај не го покажа својот потенцијал. И покрај тоа в Серија А има постигнато 188 гола.
Со Милан ги има освоено трофеите во Лигата на шампионите, Суперкупот на УЕФА и Светското клупско првенство, а има и титула во Кина со Гванжу Евергранде.
Со Италија бил младински шампион на Европа, а има освоено и бронзен медал на Олимписките игри во 2004 година, во Атина. Најголем успех во кариерата му е светската титула со Италија во 2006 година. На тој турнир постигна еден гол. За Италија одиграл 60 натпревари и постигнал 19 гола.