Top Sport

Џирона и Барселона ќе играат во САД

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, потврдил дека во тек се преговори со Џирона и Барселона, околу натпреварот што треба во јануари да се одигра во САД.

Тебас рекол дека од Џирона ја прифатиле понудата клубот да игра надвор од Шпанија, во САД. Џирона, нешто подоцна, објави соопштение во кое се вели дека ја прифаќа понудата бидејќи тоа било шанса за експанзија на клубот и градот.

„Речиси е сигурно дека Џирона и Барселона ќе бидат првите тимови што ќе одиграат меч од Примера во САД. Оваа идеа носи долгорочни предности. Не е целта да се одигра само еден натпревар во Америка. Инаку предлогот се однесува само на клубовите што го сакаат тоа. Стратегијата и спонзорствата ќе овозможат да се прошират клубовите кои имаат помала база од останатите. Комапнијата „Релевант“ ќе ги покрива сите трошоци за клубовите и фудбалерите“. истакнал Тебас.

Натпреварот помеѓу каталонските ривали Џирона и Барселона би требало да се одигра во Мајами, иако се уште нема официјална потврда околу градот домаќин.

Scroll to Top