Top Sport

Џо Харт ќе му биде соиграч на Алиоски

Поранешниот прв голман на англиската репрезентација Џо Харт (33) во летниот преоден рок како слободен играч ќе може да го напушти Барнли. Порталот „Фудбал Инсајдер“ пренесува дека голема е веројатноста Харт да потпише договор со Лидс јунајтед.

Лидс се натпреварува во Чемпионшип дивизијата. Сезонава клубот чии дрес го носи и македонскиот репрезентативец Алиоски има реални шанси да се пласира во Премиерлигата.

Голот на Лидс сезонава го брани Шпанецот Кико Касилја, но тој се подготвувал да го напушти клубот.

Поранешниот голмн на Манчестер сити бил подготвен да прифати и помала плата само за да потпише договор со Лидс.

Инаку Харт е играч на Барнли од 2018 година, меѓутоа оваа сезона е резерва, бранел на само три натпревари.

Scroll to Top