Top Sport

Џо Харт се извинуваше – по испаѓањето на Тотенхем напиша „добро завршена работа“

Голманот на Тотенхем, Џо Харт се извини за пораката која ја прати на Инстаграм по вчерашното испаѓање на англискиот клуб од Динамо Загреб во Лига Европа, кога напиша „Работата е завршена!“.

Триумфалната порака, уште позачудувачки, се појави покрај 3:0 резултатот, со кој Динамо го елиминираше тимот на Жозе Мурињо. Постот набргу беше избришан, а Харт се извини, тврдејќи дека членовите на неговиот тим кој ги води социјалните мрежи мислеле дека тие победиле со 3:0.

„Морам да се извинам за мојот тим за социјалните мрежи. Тие напишаа ‘Работата е завршена’. Тоа е неприфатливо и знам дека луѓето се лути. Јас имам само љубов за тимот и уште еднаш се извинувам“, вели Харт.

Scroll to Top