Поранешниот англиски репрезентативец Џо Кол смета дека Еден Азар требаше да стане најдобриот фудбалер на светот, но не успеал да стигне до истото ниво како Кристијано Роналдо и Лионел Меси.
Белгиецот ја започна кариерата во францускиот Лил во 2007, пред пет години подоцна да премине во Челси, каде што стана херој на публиката и според многумина најдобар играч во Премиерлигата. Со нив тој освои две титули од Премиерлигата, постигнувајќи 110 гола, но имаше драматичен пад во формата по трансферот во Реал Мадрид во 2019, каде што го мачеа повредите, вишокот на килограми и слабата физичка подготвеност.
Кол, кој играше во Челси од 2003 до 2010, го запозна Азар во 2011/12 кога беше на позајмица во тимот на Лил. Тој смета дека тој бил на врвот во 2018 и требал да ја освои „Златната топка“ пред Лука Модриќ, но дека менталитетот го направил своето.
„Дефинитивно требаше да биде најдобриот на светот. Тој дел кога Лука Модриќ го освоил ‘Балон д’ор’, тоа требаше да биде Еден Азар. Но, фудбалот не му е се, тој го живее живото да биде среќен. Задоволен. Инаку, како фудбалер е прекрасен уметник. Најдобриот со кого сум играл. Го нема менталитетот на Роналдо или Меси, но и тоа е во ред“, вели Кол.