Top Sport

Џоел Глејзер ќе се сретне со навивачите на Манчестер јунајтед

Ко-претседателот на Манчестер јунајтед, Џоел Глејзер потврди дека ќе се сретне со навивачите на  „ѓаволите“ во обид да се смират страстите по бурните протести против американските газди.

По фијаското со Европската Суперлига, навивачите ги интензивираа своите протести, откако незадоволството беше јасно уште кога Глејзери го преземаа Јунајтед во 2005 година. На вчерашниот меч со Фулам, 10-тината илјади навивачи носеа жолто-зелени шалови, бои на Њутон Хит, како што се викаше Јунајтед кога беше основан, кои станаа симбол на отпорот против газдите.

Глејзер на 4 јуни ќе се сретне со навивачите преку виртуелниот „Фанс форум“ состанок, на кој ќе присуствуваат одреден број на претставници на навивачите, но и на тимот на Јунајтед. Ова е првпат Американецот да се приклучи на ваков состанок.

Scroll to Top