Top Sport

Џон Оби Микел се враќа во Англија, но не во Премиер лигата

Поранешниот фудбалер на Челси, Џон Оби Микел по две години во Кина ќе се врати во Англија за во следните неколку дена да потпише договор со второлигашот Мидлзборо.

Главна причина за Нигериецот да се откаже од богатите договори во кинескиот Тијанџин ТЕДА е тоа што во Англија е неговата сопруга и двете деца. Според „Сан“, Мидлзборо се понудиле како избор и тие се надеваат на квалитетот на 31-годишниот ветеран во обидот да влезат во Премиер лигата.

За Микел биле заинтересирани и во Рома и Волфсбург, но тој се решил за помала плата за само да дојде во Англија. Мидлзборо во моментов се на петтото место во Чемпионшип под водство на менаџерот Тони Пјулис.

Микел освои две титули од Премиер лигата, три од ФА купот и една Лига куп титула во 11-те години во кои беше во Челси, а исто така се закити и со трофеи од Лигата на шампионите и Лига Европа.

Scroll to Top