Top Sport

Џон Тери ја откри прекрасната причина зошто носеше број 26 цела кариера

Легендарниот капитен на Челси, Џон Тери ја објасни фантастичната причина поради која цела своја кариера кај „сините“ го носеше дресот со број 26.

Англичанецот ги повика своите фанови да му поставуваат прашања на Инстаграм, и едно од нив беше едноставното: „Зошто 26?“.

„Кога влегов во првиот тим на Челси, тоа беше мојот број. Видов многу фанови со моето име и мојот број на дресовите и едноставно не сакав тие да плаќаат за нов дрес“, беше одговорот на Тери.

38-годишниот Тери, кој сега работи како помошник тренер на Астон вила, исто така имаше еден брутален одговор на еден навивач на Тотенхем, потсмевајќи се со недостастокот на трофеи во историјата на клубот од „Вајт харт лејн“.

Scroll to Top