Легендата на Челси, Џон Тери е подготвен да стане клупски колега со македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски во Спортинг Лисабон, но само ако „неговиот“ кандидат за претседател победи на изборите.
Педро Мадеира Родригеш тврди дека го има потписот на Тери доколку успее да ги победи петте противкандидати за претседателската позиција во клубот кој имаше многу проблеми минатата сезона. Гласањето ќе е одржи во сабота, и Родригеш ветува нов тренер и големи засилувања доколку стане претседател.
Тери е слободен фудбалер откако Астон вила решија да не му го продолжат договорот поради големата плата, но Тери покажа подготвеност да се врати во клубот доколку тоа е потребно. Од друга страна, Тери добро ја познава Португалија, каде што честопати е на семеен одмор.