Џон Тери најверојатно заврши со активното играње фудбал и ќе се приклучи на тимот на Челси како тренер на У-23 тимот кога ќе ги добие потребните тренерски акредитации, јавува британскиот „Сан“.
Поранешниот англиски капитен и легенда на „сините“, работи на својата лиценца на УЕФА од 2014 година и во Челси би го заменил Џоди Морис, кој си замина од академијата за да се приклучи како помошник на Френк Лампард во Дерби каунти.
37-годишниот Тери последен пат играше за Астон вила, но откако тимот западна во финансиски проблеми реши да не продолжи и оваа сезона, по што ги одби понудите да направи трансфер во рускиот Спартак Москва, но и во Спортинг Лисабон. Според „Сан“, менаџерот Маурицио Сари бил првиот кој контактирал со Тери за новото работно место.
Фото: ЕПА