Top Sport

Џорди Алба: Сакам да останам, но…

Џорди Алба истакнал дека сака да остане во Барселона, но дека неговата судбина е во рацете на клубот. Договорот на Алба со Барселона истекува по завршувањето на наредната сезона, а како што пренесуваат шпанските медиуми, тешко одат преговорите околу неговото продолжување.

„Имам договор уште една година и јас не знам каков е ставот на клубот по ова прашање. Но нема место за паника. Сакам да останам. Секогаш сум навивал и сум го сакал овој клуб. Меѓутоа во овој случај јас ништо не можам да решам. Имам влијание само врз мојата игра, врз останаите работи немам никакво влијание“, рекол Алба.

Според шпанските медиуми, пречка во преговорите се личните барања на левиот бек. Џорди Алба барал плата поголема од онаа што клубот можел да му ја понуди.

Целата ситуација околу новиот договор на шпанскиот репрезентативец со внимание ја следат Манчестер сити и Пари Сен Жермен.

Scroll to Top