Top Sport

Џорџ Веа ќе го одликува Арсен Венгер

Поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер оваа недела ќе отпатува за Либерија за да ја прими највисоката почест на западноафриканската држава за влијанието кое го имал на фудбалската кариера на претседателот Џорџ Веа.

Портпаролот на владата на Либерија потврди дека и Клод ле Рој, уште еден тренер од почетокот на кариерата на поранешниот фудбалер на Милан, ПСЖ и Челси ќе добие почест.

„Тие ќе бидат почестени од владата на Либерија на 24 август, денот на националното знаме. Двајцата тренери ќе присуствуваат на церемонијата во Монровија“, потврди портпаролот.

Венгер го донесе Веа од Африка во 1988 додека беше тренер на Монако по совет на сонародникот Ле Рој, кој го забележал Веа на меч во Камерун. Веа ја доби „златната топка“ во 1995 година, како единствен Африканец со оваа награда.

Тој минатиот декември стана претседател со убедлива победа на изборите. Неговиот син Тимоти Веа настапува за Пари Сен-Жермен.

Џорџ Веа: Арсен Венгер ми беше како татко

Scroll to Top