По драматичниот пораз од Сасуоло во претходното коло, надежите на навивачите на Јувентус беа за победа кај Верона за враќање на самодовербата, но почетокот не можеше да биде пострашен за тимот на Масимилијано Алегри.
Џовани Симеоне, синот на стручњакот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, за само три минути им даде два гола на „бјанконерите“ во шокантен старт на „Марк’Антонио Бентегоди“ – прво во 11., а потоа и во 14. минута со вистинска „ракета“.
Инаку минатото коло, Симеоне успеа да постигне четири гола против поранешниот тим на неговиот татко, Лацио.
Il capolavoro di Giovanni Simeone ? #VeronaJuventus pic.twitter.com/Fr0E3Iv9JX
— frasss13 (@fras__13) October 30, 2021