Top Sport

Џовинко „тресе“ за Торонто (видео)

Себастијан Џовинко во 2015 направи изненадувачки потег во кариерата, за минувајќи си од Јувентус за настап во Торонто во МЛС лигата на другата страна на Атлантикот.

27-годишниот Италијанец, кој го носеше прекарот „атомската мравка“, во Канада стана миленик на навивачите постигнувајќи 67 гола во 109 меча, а лани со нив го освои и МЛС купот.

Дека воопшто не ги загубил квалитетите покажува и неверојатниот гол од слободен удар во четврт-финалето на Лигата на шампионите на ЦОНЦАЦАФ, гол со кој Торонто го елиминираше мексиканскиот шампион Тигрес.

Scroll to Top