Голманот на Еибар и српската репрезентација, Марко Дмитровиќ, поради повреда ќе ги пропушти дуелите на својата репрезентација во Лигата на Нации.
Дмитровиќ на „Инстраграм“ објави дека проблемите кои ги има со повредата ќе мора да ги реши со операција.
„Два месеци играм со големи болки и со инјекции. Решивме со операција трајно да го решиме овој проблем“, напишал Дмитровиќ.
Доколку рехабилитацијата мине сопред прогнозите на лекарите, тогаш Дмитровиќ, на голот на Еибар ќе се врати на почеток на наредната година.