Top Sport

Дмитровиќ трагичар – Пораз на Еибар во Кадиз

Фудбалерите на Кадиз забележаа значајна победа во борбата за опстанок во Ла Лига. Кадиз, со минимален резултат, го победи Еибар. Единствениот гол на мечот го постигна ветеранот Алваро Негредо во 40.минута.

Еибар, доминираа во Кадиз, имаа 12 корнери, неколку добри шанси, меѓутоа не успеаја да го совладаат Ледесма.

Најдобрата шанса за Еибар не ја реализираше голманот Дмитровиќ. Српскиот репрезентативец во 57.минута не успеа од пенал да го совлада колегата Ледесма.

Дмитровиќ влезе во историјата на Ла Лига, тоје вториот голман во 21 век што не успеал да постигне гол од пенал.

Еибар со овј пораз влезе во опасната зона, сега се на 18 место со 22 бода, а имаат и натпревар повеќе од Алавес и Уеска кои се зад нив.

Scroll to Top