Според францускиот спортски весник „Л’Екип“, Адриен Рабио повторно е казнет од Пари Сен-Жермен, овојпат за неверојатниот „прекршок“ – лајкување на пост на Патрис Евра како ја прославува победата на Манчестер јунајтед над парижаните во ЛШ минатата година.
Рабио беше забележан во ноќен клуб вечерта по натпреварот, и многумина сметаа дека тој го прославуваше поразот на ПСЖ, а сега за „Л’Екип“ извори од клубот објасниле дека тој нема да може да влезе на тренинг-центарот на клубот до крајот на месецот.
ПСЖ и 23-годишниот Рабио долго време се наоѓаат во конфликт поради одбивањето на Французинот да потпише нов договор и тој последен пат играше во средината на декември, кога влезе во последните седум минути од мечот против Црвена звезда во ЛШ.
Навивачите и играчите на ПСЖ тагуваат, Рабио се весели на журка! (видео)