Пред околу една година, францускиот репрезентативец Пол Погба изрази желба да си отиде од Манчестер Јунајтед.
Медиумите, навивачите, па и управата на „ѓаволите“ не беа задоволни од неговите игри и платата од 15 милиони фунти годишно.
Денес, приказната е поинаква.
Јунајтед е во сјајна форма и е најдобра екипа по паузата на првенството поради пандемијата од коронавирусот. Голем дел од заслугите за тоа одат на сметка на Погба. Шпекулациите за негов трансфер во Реал Мадрид или Јувентус полека паѓаат во втор план.
Тој изјави дека е среќен во Англија.
Англиски „Сан“ пренесува дека неговите партии ги импресионирале сопствениците на клубот и тие ќе му понудат 5-годишен договор со што Французинот би заработувал по околу 20 милиони фунти годишно.
Неделната плата би му била околу 400.000 фунти.
Доколку овие најави се остварат, Погба ќе стане најплатениот фудбалер во Премиерлигата. Моментно на таа позиција е неговиот соиграч, голманот Давид де Хеа.
Погба пропушти голем дел од сезоната поради повреда, но се врати и сега е еден од главните на теренот.