Поранешниот менџер на Саутемптон, Нејтан Џонс, очигледно, не може без фудбалот, откако во саботата се врати на теренот како фудбалер за тимот на Кренборн од 12-тата англиска лига (Дорсет ФЛ).
49-годишниот Велшанец доби отказ од Саутемптон откако во осум меча на чело на тимот доживеа седум порази откако го наследи Австриецот Ралф Хазенхитл. Џонс, кој играше професионално фудбал до својата 39. година, се врати на фудбалот со тимот на Кренборн и дури асистираше при првиот гол во 4:0 победата на Верхем ренџерс.
Џонс во својата 21-годишна кариера играше во пониските англиски лиги – Лутон таун, Саутенд јунајтед, Брајтон и Јеовил таун. Потоа тој беше тренер во Лутон и Стоук сити, а сега е во игра да го замени Нил Кричли во Квинс парк ренџерс.
Nathan Jones playing Dorset division 1 after getting sacked 😂 #saintsfc pic.twitter.com/VaqIiCgF4X
— nick (@nick17clifford) February 18, 2023