Шкотланѓанец преку ноќ се збогатил, откако во облужувалница вложил пет фунти, а тикетот кој бил добитен му донел добивка од 84.000 фунти (100.000 евра). Неименуваниот Шкотланѓанец доживеал вистинска драма, бидејќи на последните две средби на кои типувал победи на домашните тимови, а во самиот финиш резултатот на тие мечеви бил нерешен. Среќата му се насмевнала во 97. и 98. минута на тие мечеви.
На тикетот, Шкотланѓанецот одиграл натпревари од пониските првенства во Шкотска и Англија. Тој погодил седум двојки, односно типувал на победите на Портсмут, Колчетер, Њупорт, Нортхемптон, Солихал, Данди јунајтед и Елџин, со услов двата тима да постигнат гол.
Во финишот на мечевите Нортхемптон имал 1:1 против Форес грин, а ист резултат бил и на дуелот помеѓу Њупорт и Стивенеџ.
И потоа настанало вистински лудило, најпрвин во 97.минута Нортхемптон постигнале гол за победа, а нецела минута подоцна до триумф стигнале и играчите на Њупорт.
По повод оваа неверојатна добивка се огласиле и од обложувалницата. Во соопштението велат дека досега не виделе нешто слично.
A punter who put £5 on Portsmouth, Colchester, Newport, Northampton, Solihull, Dundee United & Elgin to win as well as both teams to score in each fixture has won £84,000 from a 7-game accumulator in the lower leagues. Baba God please pick my calls… pic.twitter.com/EHPu6ERLIo
— Oluwaseun Ajidagba (@seunajidagba) October 16, 2018