Top Sport

Добивка од 574 илјади фунти со „случаен“ избор

Една Британка со малку интерес во фудбалот успеа да освои 574.278,41 фунти на облог од 1 фунта добиена со случаен избор.

58-годишната домаќинка направила облог со 12 натпревари само бидејќи ѝ здодеало да го слуша сопругот и синот како гледаат фудбал на ТВ секој викенд, а победниците ги избрала според тоа колку ѝ се допаѓало името на тимот.

Уште поинтересно, за да и се оствари облогот, беше потребен гол во 92. минута, кога Стивен Кук постигна гол за Бурнемаут против Њукасл.

Карли Фокнер, која го исплатила облогот на „Вилијам Хил“ во Лејсдон-он-Си, вели дека моментот на исплата бил неверојатен.

„Обично сите вработени се смеат кога ќе видат добивка од 574.000 фунти, но овојпат тоа се исплатеше. Ќе имаат одличен Божиќ. Претходно најголемата исплата беше околу 25.000 фунти“, вели Фокнер.

КОИ НАТПРЕВАРИ ГИ ПОГОДИЛА ДОМАЌИНКАТА
Хадерсфилд-ВБА
Бурнемаут-Њукасл
Барнли-Саутемптон
Брајтон-Свонси
Шефилд Венсдеј-Астон Вила
Барнсли-Бирмингем
Болтон-Норич
Рединг-Дерби
Ипсвич-Престон
Бартон-Милвол
Нотингем Форест-КПР
Шефилд Јунајтед-Хал

Scroll to Top