Top Sport

Добра вест за Пандев, новиот тренер на Џенова ќе игра напаѓачки

Тренерот на Џенова, Иван Јуриќ потврди дека тимот ќе игра со „двајца напаѓачи“ на гостувањето кај Јувентус во саботата, но не ја откри формацијата. Сепак, ова е добра вест за нашиот капитен, Горан Пандев.

Јуриќ по третпат се врати на клупата на Џенова по слабите резултати на Давиде Балардини, и сега има „огнено“ деби против шампионите во Торино.

„Уште не сум се одлучил за голманот, формацијата не е толку важна, туку како ќе пристапиме кон натпреварот. Нашата база е таа што имаме добри напаѓачи и можеме да играме така. Ќе се видам со Горан Пандев и со Оскар Хајлемарк првпат денеска. Имаме напаѓачи од висок квалитет, така што ќе биде грешка да не играме со нив. Ќе почнеме со двајца напаѓачи“, вели Јуриќ.

Јувентус се лидери во Серија со сите победи досега и имаат предност од шест поени.

Scroll to Top