Од Јувентус денеска објавија дека двајцата играчи на клубот, Блез Матуиди и Даниеле Ругани во потполност се опоравија од коронавирусот.
Во соопштението од клубот од Торино пишува и дека двајцата, според протоколите, по првите негативни тестови, биле подложени на ново тестирање, па и тие покажале дека се негативни на опасниот вирус. Тие се тргнати од листата на заболени во Италија и можат да излезат од изолацијата.
Ругани беше првиот заразен играч во Серија А, а освен тој и Матуиди, во редовите на „Старата дама“ меѓу заболените е и Пауло Дибала.
Италијанските медиуми пишуваат дека и тој во целост ја победи болеста, но сепак неговото име не беше споменато во соопштението од клубот.
Covid-19, guariti @MATUIDIBlaise e @DanieleRugani https://t.co/VSCj13bm2w pic.twitter.com/Mo4EpFMQtB
— JuventusFC (@juventusfc) April 15, 2020