Маркос Рохо го имаше првиот конкурентен меч по седум месеци, откако одигра 45 минути за тимот на Манчестер јунајтед до 23 години во средата навечер.
Аргентинскиот дефанзивец е првпат во акција по 209 дена по повредата на лигаментите на коленото, и одигра едно полувреме. Ова беше прв негов меч откако си замина на носилки во реваншот од четврт-финалето на ЛШ против Андерлехт на 20 април, истиот меч на кој Златан Ибрахимовиќ доби идентична повреда, и поради која и Швеѓанецот уште нема играно.
Британските медиуми тврдат дека тој ќе одигра уште некој меч за младинскиот тим, пред да се врати во првиот состав за дуелот со ЦСКА Москва во ЛШ на 5 декември.