Top Sport

Доцнел на првиот тренинг 72 дена

Фудбалерот на Сандерленд, Папа Џилобоџи, на првиот тренинг во својот клуб Сандерленд се појавил со задоцнување од 72 дена.

Сенегалецот, наводно имал лични причини што толку долго одбивал да се појави на тренинзите на клубот. Сандерленд не сакал да му понуди нов договорот, поради што Џилобоџи решил да „исчезне“ и на тој начин да изнуди нов договор.

Сандерленд некогаш член на Премиер лигата сега се натпреварува во третата дивизија на англискиот фудбал. Клубот за Сенегалецот на Челзи му плати осум милиони фунти.

Додека бил отсутен тој не добивал плата од клубот, а кога се вратил на тренинзите Сандерленд има намера да го тужи бидејќи го прекршил договорот и со однесувањето ја намалил сопствената и вредноста на клубот на фудбалскиот пазар.

Scroll to Top