Во текот и по натпреварот помеѓу Барселона и Реал Мадрид имало жестоки судири помеѓу демонстрантите и полицијата. Како што пренесуваат странските медуми повредени биле 55 лица, од кои две лица се здобиле со сериозни повреди.
Во близина на стадионот „Ноу Камп“ во Барселона се собрале неколку илјади луѓе кои протестирале против шпанските власти. Тие бараат независност за Каталонија.
Демонстрантите се собрале неколку часа пред почетокот на натпреварот, а се судриле со полициските сили додека Барселона и Реал го играле „Ел Класико“. Тие палеле контејнери и фрлале со камења по полицајците.
Полицијата на крајот употребила солзавец и применила сила за да ги растера демонстрантите.
Странските медиуми, повикувајќи се на информациите на шпанските колеги објавија дека 55 лица биле повредени, а деветмина биле уапсени.
Инаку мечот што се играше синоќа и заврши без голови првично требаше да се одигра во октомври, но поради големите протести во Барселона беше одложен.