Серхио Рамос, поради суспензија го пропушти осмина-финалниот реванш со Ајакс во Лигата на шампионите. Реал, синоќа, доживеа дебакл на домашен терен, Ајакс победија 4:1 и го детронизираа шампионот. Додека неговите соиграчи се бламираа на теренот, Рамос снимал документарен филм.
Екипа на „Амазон“ во Мадрид снима документарен филм за капитенот на Реал, кој намерно доби жолт картон во првиот меч, за да може во реваншот да ги „исчисти картоните“, убеден дека неговиот тим лесно ќе се справи со Ајакс.
Во текот на натпреварот камерите неколку пати ги „уловија“ неговите реакции во ВИП делот на стадионот, односно во неговата ложа „СР4“. Прашање е само дали овие негови реакции ќе најдат место во документарецот.
VERGÜENZA AJENA @SergioRamos, de capitán no tienes nada, no nos representas… tira para Camas en verano a jugar en el equipo de tu pueblo pic.twitter.com/VfcpWMOq5S
— La Blanca Del 7 (@LA_BLANCA_DEL_7) March 5, 2019
While Ajax were busy turfing Real Madrid out of the Champions League, Sergio Ramos filmed a TV documentary from his private VIP lounge at the Bernabéu https://t.co/WV0yP61uqA Ramos mistakenly assumed Madrid were already in the quarter finals… pic.twitter.com/KeZ26jmCQi
— AS English @ ? (@English_AS) March 6, 2019