Top Sport

Додека ривалите се изнакупуваа, Клоп тврди: Не ни се потребни нови играчи

Јирген Клоп не очекува Ливерпул да купува играчи ова лето, велејќи дека има целосна доверба во неговиот тим да се бори за титулата оваа сезона.

„Црвените“ досега го купија само дефанзивецот Ибрахима Конате кој дојде од Лајпциг за 36 милиони фунти, а Жоржињо Вајналдум си замина во Пари Сен-Жермен како слободен играч. За разлика од нив, ривалите од Манчестер и Челси, беа активни на фудбалскиот пазар, нешто што не го загрижува Клоп.

„Лето е и преодниот рок трае, така што сите очекуваат некои нови имиња. Ќе видиме што ќе се случи, но ајде да го поминеме тимот. Дали сакаме нов бек? Нов голман? Веќе имаме добри играчи таму. Во средината имаме искуство во Тијаго, Фабињо, Хендерсон, Кеита, како и млади момци како Харви Елиот и Кертис Џонс. Во напад ги имаме Мане, Фирмино, Салах, Жота, Шаќири, Минаимино и Ориги. Сигурно и аборавив некого… Ако сакате такви играчи, тогаш треба да дадете многу пари, но ние не мора да го правиме тоа, бидејќи тие играчи се тука. Не сакаме повеќе играчи. Ако нешто се случи, тогаш океј, но засега нема потреба“, вели Клоп.

Scroll to Top