Додека во саботата со Лацио го играл дербито со Јувентус крадци го опустошиле домот на Сергеј Милинковиќ-Савиќ (СМС).
Италијанските медиуми пишуваат дека безбедносните камери снимиле тројца разбојници како влегуваат до куќата на српскиот репрезентативец.
Крадците од домот на СМС однеле 5.000 евра во кеш и часовници од брендовите „Ролекс“ и „Унолет“.
Вкупната штета се проценува на 100.000 евра.
Медиумите на Апенините шпекулираат дека се работи за истата група која веќе има ограбено многу фудбалери кои играат во Серија А.