Top Sport

Додека трае војната во Украина Дзјуба нема да игра за Русија

Капитенот на фудбалската репрезентација на Русија, Артјом Дзјуба, нема да игра за националниот тим додека трае војната во Украина.

Селекторот на Русија, Валериј Карпин, потврдил дека Дзјуба ќе го пропушти репрезентативниот собир. Карпин реши да ги собере репрезентативците на 21.март и покрај тоа што ФИФА ги исфрли од баражот за пласман на Светското првенство во Катар.

„Во неделата разговарав со Дзјуба. Кажа дека сака да игра за националниот тим. Но, побара да да не биде дел од овој собир, поради тешката ситуација во Украина каде што има роднини. Се извини и замоли да го пропушти тренинг кампот, од фамилијарни причини. Се договоривме да останеме во контакт, ќе ги следиме неговите настапи во Зенит“, рекол Карпин.

Поради елиминацијата на Русија од баражот, Полска влезе директно во финалето. За пласман на Мундијалот Полска ќе игра против Шведска или Чешка.

Scroll to Top