Познат е поредокот од 30-то до 11-то место во изборот на Златната топка. Главниот настан на 69-то издание на церемонијата за најдобриот фудбалер во светот, во изборот на „Франс фудбал“, која многумина ја сметаат за најпрестижна во светот, е пред нас.
За разлика од минатата година, кога „протече“ дека играчот од средниот ред на Манчестер сити и шпанската репрезентација Родриго Ернандез ќе го освои овој трофеј, а делегацијата на Реал Мадрид го откажа патувањето во Париз бидејќи Бразилецот Винисиус „отпадна“ од трката, сè уште не е познато во чии раце ќе дојде сјајната сфера.
Речиси сите гледаат двајца од најсериозните конкуренти за ова ласкаво признание – Шпанецот Ламин Џамал и Французинот Усман Дембеле. Соиграчот на Џамал од Барселона, Рафиња, исто така, е „во игра“, но Бразилецот нема многу шанси да биде пред овие двајца.
Пласман од 15 до 11 место:
15. Виктор Ѓекерес
14. Дезире Дуе
13. Хари Кејн
12. Квича Кварацхелија
11. Педри
Ова се првите 10, кои сè уште се во конкуренција за Златната топка:
Усман Дембеле (Франција, ПСЖ)
Ламин Џамал (Шпанија, Барселона)
Џанлуиџи Донарума (Италија, ПСЖ)
Кол Палмер (Англија, Челзи)
Нуно Мендес (Португалија, ПСЖ)
Педри (Шпанија, Барселона)
Килијан Мбапе (Франција, Реал Мадрид)
Витиња (Португалија, ПСЖ)
Мохамед Салах (Египет, Ливерпул)
Рафиња (Шпанија, Барселона)
Ашраф Акими (Мароко, ПСЖ)