Top Sport

Доказ дека Герет Бејл не знае ниту еден збор шпански! (видео)

Проблемите на Герет Бејл во Реал Мадрид според некои произлегуваат од тоа што тој не успеа да се привикне на начинот на живот во Шпанија, а посебно што не успеа да го научи шпанскиот јазик.

Сите знаци велат дека ова лето Велшанецот ќе замине од шпанската престолнина, посебно по враќањето на Зинедин Зидан на клупата на „кралскиот клуб“. Бејл дојде во Шпанија во 2013 година од тимот на Тотенхем, а неодамна неговиот соиграч Марсело призна дека тој не зборува англиски.

„По заминувањето на Кристијано Роналдо, сега немам со кого да зборувам. Тука е Бејл, но тој не зборува шпански, туку само англиски и  затоа комуницираме со гестикулации и кажуваме: ’Здраво, како си и виното е добро’“, изјави Марсело за „Марка“.

Многумина сметаа дека Марсело претерува, но видеото кое го објавија Реал на Јутјуб јасно покажува дека тој не може да разбере што го прашуваат.

Бејл не научи шпански и покрај тоа што е шест години во Реал!

Scroll to Top