Нигерија не успеа да се пласира на СП во Катар. Нигерија, во Абуџа, одигра 1.1 со Гана. Во Африка се уште важи правилот гол во гости, поради што Гана ќе игра во Катар.
По завршувањето на натпреварот, незадоволните навивачи на нигерија, предизвикаа општ хаос на стадионот во Абуџа. Кршеа и палеа се пред себе, неколку пати се обиделе да ги нападнат гостинските навивачи. За да ја растера толпата полицијата употреби солзавец.
Во стампедото на стадионот, со повреди се здобил докторот од Замбија, Јосеф Кабунго, кој на натпреварот бил како официјално лице од Фудбалската конфедерација на Африка (КАФ).
Претпладнево, Фудбалскиот сојуз на Замбија, објави дека докторот Кабунго починал од повредите.